Вести Топ вести

Пожарникарите и Шилегов без договор, протестите продолжуваат

Тензично, со висок тон и со меѓусебни обвинувања и партиски етикетирања,без договор и решение. Вака утрово мина средбата меѓу градоначалникот Петре Шилегов и дел од скопските пожарникари во нивната база во населбата Атокоманда.

Тие веќе втор ден протестираат, бараат повисоки плати и исплаќање на сите заостанати надоместоци, а градоначалникот понуди медијатори за што е можно побрзо и финансиски побезболно да ги добијат парите за кои веќе има судска пресуда и нов закон кој ќе ги исполни нивните барања но дури од јуни наредната година.

Предлогот на градоначалникот не го прифатија, велат своето чесно го одработиле и ги заслужуваат средставата кои ги бараат.

Клучното недоразбирање е околу дотацијата која ја добива Град Скопје за надоместоци за пожарникари и е за 237 луѓе а во моментот во скопската противпожарана бригада се вработени 193 лица а виошок на средства кој останува не може да се подели и да се префли  на нивните трансакциски сметки бидејќи станува збор за јавни средства за кои има законски ограничувања.

Како што најавија, незадоволните пожарникари пешки се упатија кон Град Скопје и канцелариите на Шилегов. Поднесоа барање во архивата и чекаат писмен одговор од градскиот татко од кој ќе зависи каде ќе продолжат да протестираат

Според членовите на иницијативниот одбор, основната плата во скопската противпожарна бригада е меѓу 18 и 19 илјади и во зависност од стажот и типот на прекувремена работа достига до 25 илјади што за нив е неприфатливо и мора веднаш да се смени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе