Вести Свет

Мајка си ги задуши трите малолетни ќерки

Мајка си ги уби трите малолетни ќерки, по што се обидела да изврши самоубиство, соопшти полицијата во Виена. Жената која е државјанка на Непал, неодамна се разделила од сопругот, а утринава во пет часот се јавила во полиција и кажала дека ги убила децата со тоа што ги задушила на спиење, и им најавила дека и таа ќе се убие.

Полицијата брзо дошла и во станот ги нашла безживотните тела на осуммесечното бебе, тригодишното девојќе, додека најстарото девет годишно девојќе се уште имало знаци на живот. Но, по долгата борба од лекарите за нејзиниот живот, таа починала во болница.

Мајката која се обидела да се самоубие, сепак не успеала, а повредите кои си ги нанела не биле опасни за животот на жената.

31-годишната жена е задржана на распит во полиција, а мотивот за оваа трагедија се уште не се знае.

Мајката и таткото на децата се повредиле меѓусебно при насилна расправија пред неколку недели. По инцидентот, властите му наредиле на таткото привремено да се исели од станот, соопшти полицијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе