Македонија

Работната агенда на Талат Џафери го одложи неговото сведочење за „27 април”

Следното рочиште за „Организаторите на 27 април” е закажено  за 28 април. Се очекува на тоа рочиште да сведочи и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска не беше присутен поради неговата дневна работа агенда, и зато што пред него сведочеа неколку актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. На едно од следните рочишта за овој предмет е најавено дека ќе сведочи и поранешниот пратеник на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими, кој на 27 април 2017 години од говорницата на Собранието ја интонираше албанската химна, отако пратеникот Крсто Муковски ја испеа македонската химна.

На денешното рочиште за овој случај по предлог на одбраната на обвинетиот Трајко Велјановски, во судница сведочеа неколку поранешни и актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кој наведоа дека немаат никакви информации за тоа што се случи на 27 април.

Случајот за „Организаторите на 27 април” се наоѓа во доказна постапка. Овој предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе