Топ вести

Патните трошоци како потреба а не привилегија

Надомест за патни трошоци во износ од 20 одсто од чинењето на горивото по изминат километар или закуп на стан во Скопје за најмногу 400 евра.

Ова е опцијата што ја добиваат пратениците кои немаат живеалиште во главниот град, но работата им е во него.

Важи и за сите министри, директори и други функционери во илјада и 200 министерства, агенции, дирекции, јавни претпријатија па дури и регулаторни тела.

Во меѓувреме, секој фунционер може поединечно да се откаже од патните трошоци. Љупчо Николовски и Зоран Заев тоа го направија додека во август ја извршуваа пратеничката функција, а премиерот Заев потврди дека и како прв министер нема да зема надомест, со што лично го исполнува предизборното ветување.

Во Парламентот се револтирани што постојано се потенцира колку земаат пратениците за патен надомест, без објаснување дека имаат и реални трошоци.

Опозицијата предлага поинаков модел за доаѓање на пратениците на работа, со избегнување на јавниот превоз, кој не одговара секогаш на нивните потреби.

Укинувањето или намалувањето на патните трошоци беше изборно ветување на СДСМ.

Минатата недела, спикерот Талат Џафери најави дека доколку од Владата пристигне ваков предлог во форма на закон, ќе бара да важи не само за пратениците туку за сите функционери бидејќи не сака да дозволи од Собранието да се прави карикатура, а пратениците да се претставуваат како извор на зло.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран да разговара за траен мир со Украина

Дејан Дејан

Во илјадици евра се проценуваат штетите на струмичките земјоделци чии посеви минатата седмица беа погодени од силно невреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе