Шест луѓе починаа поради компликации од корона изминатото деноноќие. Сите починааа во болница, а станува збор за пациент од Гостивар 55 години, пациент од Крива Паланка 63 години, 73-годишен пациент од Скопје, 74- годишен Кичевчанец, пациент од Струга 79 години, и 86-годишен пацинет.
Регистрирани се 37 нови заразени. Најмногу се во Гевгелија, каде се заразени 12 странски државјани, девет во Скопје, Прилеп-5, Тетово-3, Дебар, Гостивар, Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово по еден нов заразен. Новите случаи се откриени од 484 тестирања. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент.