Скопските ученици над трето одделение нема шанси од први октомври да седнат во училишните клупи. Во интервју за „Радио Слободна Европа“ министерот Филипче е категоричен дека училиштата со мал број класови и ученици може да побараат дозвола, но скопските нема да ја добијат.
„Има училишта, да дадам пример, кои имаат по пет-10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение, некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира за дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа“.- изјави Филипче во интервуто за Радио Слободна Европа.
И додека министерот е категоричен дека нема настава над трето одделение во Скопје, од Министерството за образование велат дека сепак крајниот збор ќе го има владината комисијата. Таа ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласното протоколите донесени од Владата, без разлика дали е во или надвор од Скопје. „ Оваа Комисија е составена од преставници од МОН, Министерство за здравство и Канцеларијата на претседателот на Владата“ – велат од МОН.
Сскопските училишта пак веќе праќаат анкети до родителите во кои бараат да изберат дали се за нивното дете над трето одделение да оди на училиште или да учи пред компјутер. Родителите збунети коментираат на социјалните мрежи. Велат не се знае под кои услови ќе се одвива ниту он-лајн наставата ниту класичната, а веднаш треба да изберат. На некои им дале рок до денеска да се изјаснат, а други се уште ги добиваат анкетните прашалници.
На неполн месец пред почетокот на одложената школска година – многу прашалници и за наставниците, за родителите, за надлежните. Единствено се знае дека учениците до трето одделение, со дозвола од родител, можат да следат класична настава, со скратени часови и во повеќе смени. За останатите наставата ќе биде пред комјутер, освен таму каде што има услови за физичко присуство и тоа го дозволува епидемиолошката слика.
Образование најави дека ќе има појасна слика на средината на септември. Колку училишта ќе ги отворат вратите, за колку ученици, има ли услови и за класична и за он лајн настава – се уште се анализира.
Александра Филиповска
https://youtu.be/oNYTXLZpSww