Полицијата трага по маж вооружен со нож, кој уби двајца луѓе и рани уште седуммина во двочасовното дивеење во Бирминген.
Првиот напад се случил 30 минути после полноќ, а потоа убиецот тргнал кон јужниот дел од градот.
„Потврдуваме дека по инцидентите во текот на ноќта започнавме истрага за убиство“, се наведува во соопштението на локалната полиција. Во нападите, повредени се уште пет лица.
Во текот на ноќта евидентирани се серија инциденти во центарот на Бирмингем, за кои се претпоставува дека се поврзани. Полицијата се уште не го знае мотивот за нападите.