Функционален Парламент беше главниот аргумент за одржување на избори, но ниту месец ипол по изборите и цел месец по конститутивната седница, законодавниот дом не е во функција.Мнозинството се` уште нема договор за формирање на работните тела без кои не може да се носат закони. Кадровскиот состав на комисиите се чека за да се закаже седница, а партиите се обвинуваат меѓусебно.Опозицијата обвинува дека причината се несогласувањата во владејачката коалиција, а СДСМ вината ја префрлаат врз опозицијата.
Сепак, главната причина за оваа ситуација, според аналитичарите, е тенкото мнозинство
За идејата на спикерот Џафери за одржување на онлајн собраниски седници што од опозицијата беше дочекано како уште еден доказ дека мнозинството е нефункционално и не може да обезбеди кворум, Арсовски вели дека Собранието нема друг избор.
Во Собранието треба да се формираат 21 комисија. Составот се утврдува со консензус меѓу сите пратенички групи. Во 20 комисии ќе има мнозинство владејачката коалиција СДСМ-ДУИ-БЕСА-ДПА, а најголемата опозициска партија ќе биде побројна само во Комисијата за надзор на следењето на комуникациите. Според моделот за распределба на претседатели и членови, во согласност со бројот на освоени пратенички мандати, коалициите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ ќе раководат по 8 комисии, ДУИ 3 и коалицијата Алијанса-Алтернатива – 2 комисии.
На Конститутивната седница беше формирана само Комисијата за избори и именувања, со која раководи СДСМ. Се очекува први закони што ќе ги донесе овој собраниски состав да бидат измените на законите за основно и средно образование, поврзани со почетокот училишната година.
Далиборка Демјанска