Македонија

Венко Филипче и Министерството за здравство добија посланија „Св. Мајка Тереза“

Вечерва, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и Министерството за здравство добија посланија „Св. Мајка Тереза“ за 2020 година и статуетки за хуманост од Граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Вакво признание добија и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов и директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле д-р Ангелчо Андоновски.

По повод 110 години од раѓањето на Св. Мајка Тереза, граѓанското здружение оваа година го посвети настанот на институциите и здравствените работници кои во овие моменти се во првите борбени редови во спасувањето на секој човечки живот и справување со ковид-19.

„Здравствените работници и соработници покажаа и докажаа како се работи пожртвувано. Докажаа дека во нивните принципи на работа ги имаат вградено постулатите на почитуваната Мајка Тереза. Ви благодарам за почитта. Со истата енергија ќе продолжиме и понатаму да работиме за да обезбедиме најдобар третман за нашите пациенти“, потенцираше Филипче.

Наградата „Послание за хуманост“ и статуетка со ликот на „Св.Мајка Тереза“ е востановена во 1999 година од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје. Признанијата се доделуваат во рамки на деновите на Мајка Тереза кои се одбележуваат во чест на нејзиниот роденден, а централната манифестација се одржува на 5 септември, денот на нејзиното упокојување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе