Македонија Најважни

Апостолска: Никој не може да ми го врати мажот, шокантна е условната казна за возачот

Не можам да разберам како може да изрече таква казна, вели Наташа Апостолоска од Тетово која пред околу две години го загуби својот сопруг и нероденото бебе во сообраќајната несреќа кај Млечен во Скопје, е револтирана и незадоволна од пресудата која вчера ја донесе Кривичниот суд во Скопје. Со солзи во очите вели дека никаква парична отштета не може да го врати нејзиниот сопруг или животот што го живеела предходно. Го критикува судскиот систем и вели дека жртвите немаат никаква моќ.

Судијата Елена Илиевска Јосифовиќ изрече условна казна на возачот за сообраќајната несреќа со смртни последици, бидејќи се каел и го признал делото.

Апостолоска се пожали и дека судската постапка била на едно рочиште, на 2 септември, на која таа била отстранета од судницата кога биле земани лични податоци на обвинетиот, додека, пак, на објавата на пресудата не присуствувал обвинетиот. Апостолоска најавува постапка за судијата, а се надева дека Обвинителството ќе поднесе жалба.

Инаку претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, Иван Џолев, за Телма изјави дека за пресудата дознал вчера на крај од работното време, па откако ќе собере повеќе информации за случајот, ќе излезе со став и коментар.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе