Вести Македонија

Пратеници-сведоци во одбрана и со фалби за екс спикерот Трајко Вељановски обвинет за крвавиот четврток

Како еден, деветмина пратеници денеска се одзваа на повикот на екс спикерот Трајко Вељановски. Не за седница на парламент, туку како сведоци на одбраната за Вељановски кој е меѓу обвинетите за организација на крвавиот четврток на 27-ми април 2017-та. Тројца пратеници се и актуелни во собранието, останатите од ВМРО-ДПМНЕ се поранешни.

Но сите сведочеа со пофални зборови за водењето на седниците од страна на Вељановски. Почесно и поделовничко работење немало, треба да се следи примерот како тој работеше, истакна поранешниот пратеник Трајче Димков.

Најмногу одговараше поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ кој и сега е пратеник Никола Мицевски кој рече дека на ниту една координација и партиска и собраниска немало договарања за насилство во парламентот. Деловникот бил ипсочитуван тврдеше Мицевски.

Никој ниту добил ниту знаел за партиска покана и наредба, членовите на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на протести, беше тврдењето на сведоците-пратеници.

Адвокатот на Вељановски денеска рече дека спикерот немал можност да исклучи микрофон на пратеник или да го прекине доколку зборува надвор од темата и деловнички , како што екс спикерот му овозможи на пратеникот Зекирија Ибраими да ја испее химната на Албанија на собраниска говорница.

Беше споредено дека и Вељановски тогаш и Талат Џафери сега немаат деловничка можност да дислоцираат пратеник кој излегол од собранискиот поредок.

Уште 6-мина пратеници треба да дадат исказ како сведоци на одбраната на Вељановски. Покрај поранешниот спикер обвинети за организација на 27-ми април и насилниот упад во Собранието се поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и некогашните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски.

Осомничени се и екс премиерот Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошкоски, но предметот против нив е издвоен поради нивното бегство во Унгарија односно во Грција.

Денеска како сведоци беа повикани пратениците Траје Димков, Никола Мицевски, Драган Данев, Крсто Јовановски,  Благица Ласоска, Магдалена Манаскова, Иван Иванов, Иван Стоилковиќ (ДПСМ) и Панчо Минов (тогаш беше во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е пратеник во коалицијата на СДСМ).

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе