Македонија Најважни

Груби стана прв вицепремиер-воведена нова функција во владата

Артан Груби од ДУИ денеска прв го доби мандатното писмо од премиерот. Но, стана прв и во уште нешто-застана на позицијата Прв вицепремиер, што за првпат се воведува во Македонија. За тоа денеска специјално беше изменет и деловникот за работа на владата, во кој е додаден зборот „прв„, пред функцијата „вицепремиер„ и е прецизирано дека, токму тој ќе го менува премиерот во негово отсуство. Со тоа, е поедноставена процедурата, наместо да се менува Законот за влада, за што требаше да се расправа и гласа во Собранието, се` се реши со гласање на владата.Оваа нова функција во македонскиот политички систем е дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ, во замена за откажувањето на помалиот владин партнер од изборното ветување за прв Албанец-премиер.

Покрај прв вицепремиер, во оваа влада првпат се воведува и позиција вицепремиерско место за спречување корупција и за одржлив развој и човечки ресурси.Таа функција ќе ја извршува Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, кој е избран во парламентот како министер без ресор. Со промените на статутот на партијата кои се очекуваат да бидат кон крајот на септември или почетокот на октомври, Николовски и официјално ќе може да биде дел од извршната власт бидејќи за сега се води како кординатор кој координира ресори во извршната власт.

По доделувањето на мандатите, Заев им порача на министрите да излезат во пресрет на очекувањата на граѓаните.

На седницата министрите беа со маски, но при доделувањето на мандатните писма, наместо „корона„ поздрав, Заев се ракуваше со сите поединечно, вклучително и со министерот за здравство.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе