Свет

Афроамериканец се задушил откако полицијата му ставила ќеса врз главата

Афроамериканец кој трчал гол низ улиците на еден помал град во западниот дел од државата Њујорк, починал од задушување откако полицајците му ставиле качулка преку главата а потоа 2 минути го притискале неговото лице на асфалтот, потврдува видео снимката од полициските камери, објавена синоќа од семејството на починатиот.

Даниел Пруд починал на 30-ти март откако бил исклучен од медицинските апарати кои го одржувале во живот, 7 дена по приведувањето од полицијата.

Неговата смрт досега не доби медиумско внимание до вчера, кога семејството одржа прес конференција и јавно ги објави видео снимките од полициските камери и извештаите за апсењето на Пруд.

На видео снимката се гледа како Даниел Пруд, кој е без облека, ја слуша полицијата и легнува на асфалтот кога му ставаат и лисици на рацете. Тој е очигледно вознемирен и бара да му ги отстранат лисиците, додека седи на асфалтот. Полицајците потоа преку главата му ставаат качулка која ја користеле да се заштитат од плунката на приведените. Пруд бара да ја остранат по што полицајците насилно му ја удираат главата на асфалтот и наредните 2 минути му го притискаат телото. Беспомошниот Пруд започнува да плаче и бара помош. Потоа полицајците забележуваат дека вода излегува од маската која се уште е на главата на Пруд, што кај дел од нив предизвикува и смеење.

“Повраќаш ли? Ах, тој повраќа. Вода излегува од него. Ја виде таа вода како излезе сега од него? –Не, но сега ја гледам. Само вода е. Човеку, повраќаш ли? Ух, види го ова” – зборуваат полицајците .

Извештајот од обдукцијата заклучува дека смртта на Даниел Пруд е убиство предизвикано од компликации на гушење заради ставената ќеса на главата.

Како дополнителна компликација се наведува и фактот дека во крвта на афроамериканецот бил пронајден наркотикот фенциклидин, познат под името ангелски прав.

Пруд бил од Чикаго а во Рочестер престојувал кај својот брат, кој и ја повикал полицијата, информирајќи дека тој напуштил куќата но и дека има психички проблеми.

“Јас се јавив во полицијата за да му помогнат на мојот брат. Не сакав мојот брат да биде линчуван” –вели Џо Пруд, брат на Даниел Пруд.

Повеќе десетици луѓе протестираа во Рочестер, пред полициското седиште, барајќи одговорност за смртта на Даниел Пруд, како и за начинот на кој се водела истрагата за постапката на полицајците.

“Сакам семејството Пруд, за кои знам дека се фрустрирани во моментов, сакам да бидат сигурни дека ние правиме се што е во наша моќ за да бидеме сигурни дека вистината ќе биде утврдена и правдата ќе биде задоволена” – градоначалничката на Рочестер, Лавли Ворен.

Потресната снимка од апсењето на Пруд само дополнително ги разгорува расните тензии во САД и дилемите за начинот на кој полицијата ги третира афро-американците. Во Мај, Џорџ Флојд беше убиен откако бел полицаец речиси 8 минути го притискаше на вратот со колено а на 23 –ти август, Џејкоб Блејк беше застрелан со 7 куршуми во грбот од полицаец, по што остана парализиран, во Кеноша, Висконсин.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе