Вести Свет

Ескалираа протестите во Софија

Речиси два месеца траат протестите на улиците во Софија. Но, денеска атмосферата беше највжештена –  илјадниците луѓе се собраа пред бугарскиот парламент, додека парламентарците заседаваа на првата седница по летото. Јајца,  јаболки, пластични шишиња се фрлаа кон полицијата, демонстрантите се качуваа и ги тресеа полициските возила, но кога се обидоа да го пробијат полицискиот кордон,  солзавецот и бибер спрејот  ги натераа да се повлечат. Потоа следеа уште два налета, а дел од демонстрантите легнаа пред зградата на парламентот. Уапсени се 16 луѓе, а 45, дел од нив полицајци завршија во болница. Демонстрантите порачаа дека ќе се собираат се додека Борисов и главниот обвинител Иван Гешев не си поднесат оставки.

Агресијата доаѓа директно од Борисов, преку шефовите на полицијата кои тој лично си ги постави. 56 дена културно протестираме, но тој се уште сака милионите да ги украде со заби и нокти на сметка на бугарските граѓани.

 

Сакам да постигнеме демократија, ништо повеќе, само тоа.

 Во исто време, во собранието се одржува седницата. Треба да се дискутира за амандманите на уставот, предложени од Бојко Борисов, кои би го продолжил животот на неговиот кабинет до март наредната година, за кога се закажани изборите. Иако, самиот Борисов ги иницира промените, тој денеска не се појави на дебатата во собранието. Најавените измени кои треба да се гласаат, опозицијата и законодавците ги сметаат за длабоко проблематични, а во исто време не добија гоема поддршка и од неговите сопартијци. Претседателот Румен Радев и од собраниската говорница денеска го повтори повикот за оставка на владата. Но, на пратениците на ГЕРБ не им се слушаше, па ја напуштија салата.

Драги пратеници, бегањето нема да ве спаси од срамот. Со бегање само покажувате дека вистинскиот парламент е надвор!

Овие оставки се неизбежни бидејќи луѓето излегоа од хипнозата и пропагандата, го надминаа стравот и инсистираат на правото да живеат во нормална држава – желба што не е во согласност со сегашната влада, порача претседателот Радев. 

Радев ги обвинува и Борисов и  државниот обвинител за поврзаност со организоран криминал. Борисов неодамна соопшти дека може да се повлече, но сега вели дека всушност им ги исполнува барањата на демонстрантите за рестартирање на политичкиот систем со започнување на многу спорна ревизија на уставот.

 

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе