Вести Свет

(видео) Меркел: Труењето на Навални е обид за убиство

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека некој сакал да го замолкне лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Берлин.

Германската Влада претходно денеска соопшти дека, врз основа на крвните тестови на Навални, има непобитни докази дека тој бил отруен од нервниот агенс „Новичок“.

На прес-конференција во Берлин Меркел кажа дека за неа е  зачудувачка вест обидот за убиство со труење на Навални.

-Алексеј Навални стана жртва на напад со нервниот агенс „Новичок“. Во неговите примероци од тестот е потврдено  присуството на овој отров и тоа е надвор од какво било сомнение, рече денеска Меркел.

Таа додаде дека е утврдено дека Навални е жртва на злосторство, пренесе Тасс.

-Тие сакаа да го принудат да молчи, рече германската канцеларка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе