Македонија Најважни

Отворање на градинките на 9 септември, одлучи Владата

Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.

-Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе