Адвокатот на полицаецот Дерек Шовин, кој е осомничен за убиството на црнецот Џорџ Флојд по што започнаа големите антирасни протести ширум САД, тврди дека жртвата починала од предозирање со дрога, а не поради тоа што полицаецот го стискаше со колено на вратот речиси 10 минути.
Адвокатот Ерик Нелсон поднесе тужба во која пишува дека обвинителот на успеал да докаже дека Шовин е одговорен за убиството и дека неговиот клиент сам се изјаснил за невин.
Смртта на Флојд предизвика протести ширум светот, а сега адвокатот тврди дека полицаецот не е одговорен за смртта и бара обвинението да биде отфрлено.
Тој во жалбата го наведе и обдукцискиот наод кој покажува дека во организмот на Флојд имало присуство на фентанил и метамфетамин, што укажува на тоа дека „жртвата најверојатно зела дрога позната како спитбол, поради што и починала“.
Нелсон се повикува и на наодот од вештак кој утврдил дека Флојд боледувал од артеросклероза и хипертензија и други болести на крвните садови. Исто така истакна дека во моментот на смртта Флојд бил позитивен на коронавирусот.