Вести Најважни Свет

Опозицијата слави во Црна Гора

Опозицијата во Црна Гора излезе на улиците да ја прослави победата на денешните избори, на која имаше рекордна излезеност од над 75%.

Според проценките на Центарот за мониторинг и истражување, од 89% обработени гласачки ливчиња, ДПС _ решително за Црна Гора на Мило Ѓукановиж има 34,8% од гласовите, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,7, а коалицијата „Мирот е нашата нација“ 12,5%.

Проекциите за бројот на мандати е дека ДПС на Ѓукановиќ добива 29 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 28, „Мирот е наша нација“ – 10 мандати, „Црно на бело“ – 4. По три мандати добиваат Социјалдемократите и партијата на Бошњаците, два СДП и по еден Албанска листа и АК Едногласно.

Лидерот на опозициската „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ порача дека по 31 година на апсолутна власт на ДПС се случи слобода.

„Режимот падна“, порача Кривокапиќ.

Брзо по ова се јавија и од ДПС на Ѓукановиќ, од каде рекоа дека опозицијата секогаш брза да каже дека победила, ги повикаа граѓаните да почекаат да се објават официјалните резултати.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе