25 лица се хоспитализирани заради труење со јаглерод моноксид откако биле дел од нелегална рејв забава во бункер во главниот град на Норвешка, Осло.
5 од нив се во критична состојба а меѓу затруените се и двајца полицајци кои први ги откриле и се обиделе да им помогнат на учесниците на забавата.
Властите веруваат дека труењето било предизвикано од подвижни генератори. Полицијата соопшти и дека настанот “Рејв во пештера” , на кој присуствувале околу 200 млади луѓе, бил случајно откриен кога полициска патрола наишла на група збунети млади луѓе.
Потоа, уште неколку млади луѓе излегле од бункерот и побарале медицинска помош.
Итната помош пронашла 7 лица во бесознание во бункерот по пристигнувањето.
Според последните информации, животите на жртвите, за кои се верува дека се на возраст меѓу 20 и 30 години, не се загрозени.
Засега не е познато кој ја организирал забавата под земја, која била испланирана три недели претходно и за која властите не знаеле ништо.
Полицијата во Осло спроведува и внатрешна истрага за да утврди зошто не била преземена никаква активност по добиената информација за планот за одржување на рејвот.