Вести Свет

Тесно водство за Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора

Според првичните проценки од денешните парламентарни избори во Црна Гора, од обработени 58% од гласовите Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоила 34,4 отсто, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 33,3%. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освоила 12 проценти од гласовите.

Но, опозицијата јавува дека е во предност во Подгорица, но и во Будва каде ДПС за првпат во историјата би била поразена.

На денешните избори рекордна беше и излезеноста од речиси 76 проценти, што е за дваипол отсто повеќе од изборите во 2016-та година. На изборите учествуваа шест коалции и пет политички партии.

Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера. До ДИК не биле пријавени поголеми инциденти, но евидентирани беа пријавите за масовно кршење на правилата за визуелна идентификација на гласачите. Од избирачките одбори не им барале на граѓаните да ги спуштат медицинските заштитни маски, со што потенцијално се овозможува гласање со друг документ за идентификација.

Црногорците ги дочекаа овие парламентарни избори длабоко поделени, во атмосфера на зголемени политички тензии меѓу владејачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ и опозицијата.

Евентуалната тесна победа на Ѓукановиќ ќе значи дека ќе мора да преговара за нова влада, и тоа со помалите партии, чија поддршка, според аналитичарите ќе дојде и со голема политичка цена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе