Црногорците веќе го исполнија цензусот потребен за парламентарните избори. До 13 часот гласале повеќе од половината гласачи. Со оглед на политичката понуда од шест коалиции и пет партии, веројатно е дека граѓаните имаат голем избор, и поради тоа беа мотивирани уште рано изутрината да излезат на гласање. Сите политички актери се надеваат да ја одземат позицијата на Демократската партија на социјалистите, на Мило Ѓукановиќ, која владее со земјата веќе 30 години. За првпат во кампањата активна е Српската православна црква која е главен противник на владејачката гарнитура. Изборите се одржуваат во време на зголемени тензии поради донесувањето на Законот за слобода на вероисповед, кој длабоко ја подели Црна Гора, а на улицата се одржуваа протесни литии. Некои од тии собири ги организираше митрополитот Амфилохије кој ги повика граѓаните да гласаат против оние кои го донеле законот со кој се предвидува државата да е сосптвеник на сите верски објекти изградени до 1918-та година.
За Ѓукановиќ, денешното гласање е клучно за зачувување на идентитетот на народот, кој ги обвинува Белград и Москва за обид да го симнат од власт, злоупотребувајќи го донесениот закон за верски слободи.
Тоа не е една рубрика или еден весник, туку без исклучок, е целосно медиумска и политичка сцена на Србија, која јасно ни праќа порака дека Црна Гора и денеска е нивна желба, сакаат Црна Гора да биде плен на Голема Србија, сакаат Црна Гора да се откаже од својот државен, национален и културен идентитет, порачува Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора.
Клучни актери на изборите се и коалициите околу десно ориентираниот Демократски фронт, кои кампањата ја почнаа во еден манастир и се претстави како заштитиник на интересите на цркавата. Но, според аналитичарите, ова играњето на карта на црквата не е начин да се победи Ѓукановиќ. Впрочем, нему му одговара оваа тема, бидејќи јавноста се дефокусираше од главните теми – корупцијата, невработеноста и економските проблеми.
За жал, опозицијата не беше доволно визионерска за да ги надмине овие теми и да ги претстави темите од кои Ѓукановиќ се плаши, а тоа се социјалните, економски теми, невработеноста, животниот стандард, ситуацијата со здравствениот систем или борбата против корупцијата и организиран криминал, образование, одливот на мозоци, итн, псмета Далиборка Уљаревиќ, од Центар за Граѓанска едукација.
Ѓукановиќ можеби ќе победи на изборите, но веројатно е дека ќе мора да направи компромис за да формира влада. Проценките се дека ќе освои 35% од гласовите, што значи ќе мора да преговара за нова влада. Коалиција со про-српските, про-руските и анти-вадините опозициски групи не доаѓа предвид, па затоа ќе мора да им подаде рака на помалите партии, чија поддршка ќе дојде и со голема политичка цена.
Алиса Шутиноска