Економија

По затворањето на Еуростандард банка се зголемија гужвите пред другите банки

Во Тетово се чека и по неколку часа за влез во банка. Секојдневно пред експозитурите и филијалите има долги редици клиенти, збиени еден до друг, а дел од нив не носат и заштитни маски. Гужвите се создадоа откако се затвори Еуростандард банка, поради што граѓаните мораа да отворат сметки во другите банки, но и за плаќање на месечните давачки. Исплатата на августовските пензии денес дополнително го удвои бројот на тетовци, кои револтирани и нервозни велат дека мораат да чекаат долго време за своите пари.

Од Општина Тетово велат дека се свесни за гужвите, поради што во два наврати испратиле барање до Народна банка да преземе конкретни мерки.

Од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај ги известуваат сите физички и правни лица дека побарувањата по основ на депозит кои ги имаат, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник.

Сите физички и правни лица кои имаат побарувања од Банката, кои што не се по основ на депозит, истите треба да ги пријават како побарувања од стечајната маса, по писмен пат до стечајниот управник, до 7-ми септември. Кон пријавата потребно е да се достават писмени докази за побарувањето.

Во врска со примопредавањето на предметите коишто се во граѓанските сефови, клиентите ќе бидат контактирани во текот на следните дваесет дена за терминот кога имателот на сеф ќе биде потребно да дојде во просториите на Банката за отворање на сефот и подигнување на предметите.

Данијела Билбилоска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе