Спорт Фудбал

Барселона во шок: Меси побара раскин на договорот

Лионел Меси денеска ја информирал Барселона дека сака да го раскине договорот со клубот. Челниците веднаш свикале итен состанок за да разговараат за барањето на капитенот. Европските гиганти подготвуваат понуди за Аргентинецот.

Колку и да звучи нереално, но голем број на шпанските медиуми потврдуваат дека Лионел Меси навистина испратил официјално барање до Барселона за раскин на договорот. Аргентинецот во својот договор со клубот, што истекува идното лето, има клаузула според која може да го раскине договорот по завршувањето на секоја сезона, односно до 10 јуни. Со оглед дека овој датум одамна измина, Меси и неговиот правен тим се надеваат дека ќе го раскинат договорот со Барселона според специјалните околности предизвикани од коронавирусот, поради што сезоната беше продолжена до месец август. Моментално неговата откупна клаузула изнесува 700 милиони евра.

Раководството на Барселона веднаш свика итен состанок за да разговара за ситуацијата и да го разгледа барањето на својот најдобар фудбалер. Големите европски клубови веќе почнаа да прават планови како да го доведат во своите редови, а како главни кандидати се издвојуваат Манчестер сити и ПСЖ.

Меси е разочаран од тоа како функционираат работите во клубот, а последната капка ја прели дебаклот од Баерн Минхен од 8-2 во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Аргентинецот речиси две децении е дел од каталонскиот гигант, каде дојде како 13-годишно момче. Во 2004 година го имаше своето деби за Барселона во Ла Лига, а досега одигра 731 натпревар и постигна 634 голови. Има рекордни шест „Златни топки“ и со Барселона ги освои сите можни клупски трофеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе