Економија Најважни

Правна дупка во законите за случајот со депозитот на Ангеловска во Еуростандард- но етичкиот кодекс за функционери предвидува одговорност

-Таа е министер за финансии и лесно може да дознае што се случува, со пуцкање на прсти објасни  претседателката на ДКСК, кратко и јасно,  ја објасни сржта на проблемот.

Можела да дознае во секој момент за состојбата во Еуростандард и да си ги извади парите. Но докази дека министерката Нина Ангеловска навистина дознала па ги „избегала“ парите нема. Нема кривично дело, но има прекршување на етичкиот кодекс за носители на јавни функции затоа што нејзината постапка буди сомнеж во јавноста дека имала предност и можела да знае што се подготвува на банката.

Ангеловска имала избор велат од ДКСК или да биде министер или да се грижи за приватниот интерес, затоа што двете работи не одат заедно кога ќе се судрат.

Ангеловска од декември лани до крајот на јуни во два наврати извадила пари од Еуростандард, вкупната сума била околу 250 илјади евра. Првата поголема сума ја вложила во инвестициски фонд, а во јуни купила стан во Скопје вреден околу 100 илјади евра. Промените се пријавени во ДКСК, а Ангеловска тврди дека не сторила ништо незаконски ниту пак имала информации дека Еуростандард банка е пред крај.

Денеска не одговори на нашите пораки за став, а Ангеловска ќе биде министерка до изборот на нова влада предвидена за наредните денови. Антикорупциската утврди дека Аггеловска не го знаела денот на затворање на Еуростандард, но како министерка за финансии по функција може да стигне до таква информација со што самата се става во „ризична состојба на можен судир на интереси“.

Но бидејќи во таа област има правна дупка во правилата за соработка меѓу народната банка и министерството за финансии, антикорупциската комисија бара измена на законските и подзаконските акти за да не се случи и некој нареден министер кој има пари во банка да ја знае подобро состојбата во банката од останатите клиенти.

Во моментот Ангеловска има уште 534 евра и над 480 илјади денари во пропаднатата Еуростандард. Тие депозити ќе и бидта исплатени преку Фондот за осигуеување на депозити заедно со штедните влогови и пари на уште над 160 илјади граѓани кои имале сметки во Еуростандард, но пониски од 30 илјади евра. Од Фондот за Телма изјавија дека очекуваат наредната недела веќе да почне исплатата преку 4-те избрани банки, но за да се почне процесот потребно е стечајниот управник да го достави списокот на овие штедачи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе