Вести Македонија Топ вести

Боки 13-ка: Проектите на Меѓународниот сојуз беа реални и поддржани од власта на Заев

Бојан Јовановски пред судот тврдеше – проектите за старечки домови, кои за обвинителството се фиктивни всушност се реални поткрепени со договори. За нив знаела и ги поддржувала речиси половина од тогашната власт на чело со Зоран Заев, тогашните министри Мила Царовска, Горан Сугаревски, Александар Кирацовски, и градоначалниците на Битола, Карпош, Дојран, Охрид. Ги финансирале бизнисмените Сиљан Мицевски и Адријан Амзоски кои точно знаеле и биле убедени во успешноста на проектите.

Меѓународниот сојуз всушност функционираше како Министерство за труд и социјална политика. Државното земјиште не го обезбедував јас, беа информирани и градночаланивците и министерот за транспорт Горан Сугаревски. За проект за згрижување на деца од улица пак имавме потполна поддршка од тогашниот министер за внатрешни Оливер Спасовски. Од средбите имаме и аудио и визуелни записи кои некој може да ги заборава. Пред фактите и боговите молчат, сведочи обвинетиот Јовановски. 

И тогашната пратеничка Фросина Ременски која е и почесен претседател на невладината се брани со фактот што не може да е кривично дело ако политичарите го поддржуваат невладиниот сектор.

Авторката на проектите пак ЈАсна Ерцеговиќ тврдеше дека и да има недоследности во нејзиното постапување се ненамерни. Идејата за старечки домови била водена од хумани мотиви.

Со договорите, дел од домовите ќе беа наменети за ранливи категории без надомест. Тоа ќе значеше дека ако се реализираа на пример, детето од вчера кое е актуелно дека е запоставено и напуштено и има церебрална парализа ќе имаше каде да се згрижи под постојана нега по сите европски стандарди, рече обвинетата Јасна Ерцеговиќ. 

Таткото на Бојан Јовановски и неговата помошничка одбија да дадат воведни зборови. Петтемина обвинети се товарат за измама, помагање во измама и перење пари. Следни ќе бидат повикани бизнисмените кои дале околу милион евра на личните сметки на пензионерка и Ерцеговиќ за идејните решенија за старечките домови.

Во меѓувреме пристигна и првиот демант и најава за тужба од екс министерката за социјала Мила Царовска, која на својот фејзбук профил напиша дека никогаш не соработувала со Меѓународниот сојуз.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Дејан Дејан

Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на НАТО во Турција посветена на Русија и Украина

Дејан Дејан

Руското Министерство за одбрана информира за одржани состаноци со претставници од околу 20 странски држави

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе