Ковид19 Македонија Најважни

Американски експерти: До ноември 1800 жртви во Македонија, доколку продолжи олеснувањето на мерките

Бројот на жртви и на заболени од коронавирусот ќе се зголемува и ќе има рапиден скок почнувајќи од септември доколку продолжи разлабаувањето на рерстриктивните мерки и ќе достигне до 1.800 починати пацинети.

Ова е едно од трите сценарија кое го подготвија експерите од Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл кое е објавено пред четири дена.

Истражувањето се темели исклучиво на досегашните бројки и  рестриктивните мерки кои се на сила а трите сценарија се проекции доколку продолжи олеснувањето, доколку останат на сила сегашните мерки и доколку повторно се воведат некои од рестриктивните мерки кои беа на сила.

Според сценариото кое се предвидува со тековните мерки и предвидува зартегнување дури од 1 септември кога бројката на жртви ќе достигне 8 на еден милион  заклучно со први ноември во македонија ќе има 1.629 жртви.
Најцрното сценарио е дека на 1 ноември официјалната бројка на починати ќе биде 1.805 лица но само доколку продолжи олеснувањето на мерките и се укинат сите рестрикции како што се дистанцата, заштитните маски и групирањето.

Според третото сценарио на американските експерти, со повторно воведување на дел од рестрикциите и воведување на задолжитечлно носење на маски на отворено бројките рапидно паѓаат а црниот биланс е речиси тројно помал – до 1 ноември би имале 752 жртви.

Во најлошото сценарио односно укинување на сите мерки, бројката на смртни случаи дневно ќе почне да се зголемува од 1 септември и веќе во октомври би била 14 луѓе додека во ноември би била над 30.
Со воведување на дел од мерките и пред се заштитни маски на јавен простор, бројките пааѓаат  и од 6 жртви на ден во август се намалуваат на 3 во ноември.
Бројката на заболени, во зависност од сценариото варира од 700 до девет илјади.

Клучно е притисокот врз здравствениот систем, болниците и персоналот, според оваа анализа и во зависност од сценариото ќе го достигне врвот во втората половина на октомври кога ќе има недостаток од кревети но и респираторни машини поради големиот број на тешки случаи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе