Корона вирусот во експанзија во штипскиот и светиниколски регион. За само три дена во овие две општини активни се околу 90 случаи.
Епидемиолозите велат дека нема фирма или конфекција во која што не е регистриран по еден или неколку случаи.
Само во последнава недела позитивни на корона вирус се појавија во три нови текстилни фабрики, од кои две се затворени. Работниците во епидемиолошките анкети велат дека не знаат од каде се заразиле, дали надвор од погоните или пак во нив.
Најбрзо растечка општина со нови случаи на коронавирусот е Свети Николе, каде има 126 активни случаи и 136 се во изолација. 45 се работници од конфекциите Мода и Кемтеск.
–Добро е што од нашите две фабрики 80 % од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направивме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скрингот е добра и во моментов чекаме резултати за 90 работници, вели Ангел Димитров, „МОДА АД“ – Свети Николе
Овие две конфекции остануваат затворени до понеделник, а се чекаат резултатите од скринингот на уште 90 работници.
Викторија Јованова