Економија

Македонија и Албанија на дното во регионот по раст на БДП во првиот квартал

Само македонската економија со 0,2 проценти раст на БДП и таа на Албанија со -2,5%, од сите земји од Западен Балкан, крахирале уште во првиот квартал од годинава, кога само што се навестуваше здравствената криза – покажуваат податоците на Европската комисија.

Србија и Турција имаат најдобри резултати од 5 и 4,5 проценти раст на БДП.

Во позитива се Црна Гора со 2,7 % , БИХ е со 2, а Косово има раст од 1,3 проценти.

Забавената економска активност кај нас уште во првиот квартал од годинава,за експертите е резултат на политичките турбуленции и подготовките за избори кои првично требаше да се случат на 12 април.

„Видете ние имавме од една страна и политички процеси, подготовка за избори, техничка влада. Сето тоа прави воздржување од инвестиции, воздржување од активност. Таа воздржаност води кон ограничувања, а во услови на пад на пазот, пад на побарувачката, секако дека влијае на ефектите кои што ги создава економијата. ‘- вели професорот Јован Пејковски.

Ако стагниравме во првиот квартал, очекувањата и на домашните експерти и на меѓународните финансиски институции се дека минусот во вториот квартал ќе биде најголем.

„Тоа што се случуваше во економијата во тие три месеци од вториот квартал секако дека ќе се одрази во значителен обем. И она што мораше да се компензира  е задолжувањето за да се ублажат негативните ефекти. Секако мора да имаме предвид се случуваат и политички процеси  се случуваа избори и сето тоа има одредено влијание во воздржување кај економските субјекти од инвестици, странските инвестиции така да се рече запреа. “- вели Пејковски.

И додека проекциите колкав ќе биде падот на македонската економија годинава постојано се менуваат, експертите се категорични дека ќе бидеме во фаза на преживување далеку од раст и развој.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе