Свет

Додик: Не може да се фаворизира една вистина за Сребреница

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ денеска изјави дека Сребреница е место во кое „не може да се фаворизира една вистина, туку истата мора да се гради на факти, а не на шпекулации“.

Тој зборувајќи за намерата со закон да се казнува негирањето на геноцидот над Бошњаците во Сребреница, рече дека тоа е „сомнителна вистина“ и оти вистината мора да биде егзактна и прифатена од сите.

Ние кажуваме и е точно дека во Сребреница е извршено сериозно злосторство и дека сериозно настрадаа Бошњаците, но не е тоа што тие го кажуваат. Таму страдаа и Србите, истакна Додик.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница е извршен геноцид.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе