На булеварот „Крал Александар“ се одвива игра на „мачка и глушец“, јавува телевизијата Н1. Полицијата со солзавец ги протерува назад демонстрантите кои откако ќе се регрупираат повторно надоаѓаат, постојано фрлајќи камења и други предмети кон полицајците.
Според телевизијата полицијата започнала да ги затвора споредните улици кои водат до булеварот за да го спречат надоаѓањето на демонстрантите.
Terazije, 21:59 – snimak policijske brutalnosti. pic.twitter.com/7JoDJbW31i
— A 11 – Inicijativa za ekonomska i socijalna prava (@A11Inicijativa) July 8, 2020
Стампедо настана во делот на булеварот кај црквата „Свети Марко“ откако таму полицијата испали голема количина солзавец па демонстрантите побегнаа кон паркот Ташмајдан. Полицијата се обиде да направи кордон за да ги спречи но демонстрантите беа побрзи.
По неколку инциденти меѓу демонстрантите и полицијата ситуацијата се смири во Нови Сад. Полицијата успеа да ја растури најагресивната група која фрлаше кон нив камења, сообраќајни знаци и канти. Во српските медиуми се појави информација дека било запалено седиштето на владејачката СНС во Нови Сад, но тоа подоцна беше негирано. Група демонстранти ги искршила прозорците, влегла во објектот од каде го извадила инвентарот и го запалила пред зградата.
Протести имаше и во Ниш и Крагујевац но тие за разлика од Белград и Нови Сад, беа значително помирни.