Свет

Гувернерот на Мериленд го осуди уривањето на споменикот на Колумбо во Балтимор

Гувернерот на Мериленд, Лари Хoган, синоќа ги критикуваше властите на Балтимор што дозволиле демонстрантите да ја урнат статуата на Кристофер Колумбо, морепловец од италијанско потекло кој прв пристанал на брегот на американскиот континент во 1492 година.

Во саботата навечер во балтиморскиот кварт Мала Италија, околу 300 демонстранти со ликување ја врзаа статуата со јажиња и ја турнаа, разбивајќи ја на парчиња што беа фрлени во водите на внатрешниот кеј на градот.

Како се наближува Денот на Колумбо, празник во САД кој се одбележува во октомври, протестно настроената јавност се почесто го демонизира морепловецот како симбол на колонијализмот и угнетувањето на домородното население во Америка.

Споменици на Колумбо беа урната и во други американски градови.

Ние поздравуваме мирни протести и конструктивен дијалог за тоа дали треба да се поставуваат одредени споменици или нивно сместување во музеј или складишта за чување, а сето тоа во рамка на законите. Но беззаконието, вандализмот и уривање на градска сопственот се целосно неприфатливи, изјави Хоган.Тоа е против демократијата и треба да се осуди од сите, независно од политичките погледи, изјави републиканскиот гувернер на Мериленд.

Додаде дека властите на Балтимор треба да ја земат контролата над своите улици и ведаш да ги направат безбедни.

Во Балтимор, како и во други американски градови, во изминатиот период се одвиваат многубројни прртести во кои настрадаа споменици на историски личности поради сложените меѓуетнички и меѓурасни односи во земјата. Тоа се главно ликови на генерали и политичари кои се отцепија од Соединетите Држави во 1860-те години и изгубија војна за одбрана на робовладетелството во јужниот дел на земјата.

Демонстрациите започнаа со протестните акции против насилничкиот однос на полицијата кон Афроамериканците по смртта на Џорџ Флојд (46) во Минеаполис на 25 мај, за време на апсење. Полицаецот кој го задржа Флојд е oбвинет за убиство од втор степен и се наоѓа во притвор со 1.25 милиони долари кауција.

Третиот полицаец кој беше обвинет за помош на убиство од втор степен вчера беше пуштен да се брани од слобода откако била платена кауција од 700 илјади долари.

Судењето за убиството на Флојд се очекува да започне во септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе