Македонија

Мирен протест на свадбарските работници од Битола

Забраната за свадби во време на пандемија ќе го падне и онака нискиот наталитет, велат свадбарските работници од Битола, кои денеска излегоа на мирен протест. Бараат да се укинат забраните за семејни веселби, да се уврдат протоколи и датум за нивно одржување. Велат дека овие настани сега се одржуваат во приватни објекти, без да се почитуваат мерките, па опасноста од ширење на заразата е поголема.

-Во држава во која морталитетот е се поголем од наталитетот,  штитејќи се од коронавирусот, со забраните уште посилно ќе удриме врз таканаречената белата чума, а народот ќе остане без проста репродукција. Самиот чин на  раѓање деца, започнува со чинот на свадбата, рече Благој Мустриковски, фотограф

Според нивни проценки годишно  во Македонија се  прават над 15 илјади свадби,  а најголемиот дел од нив сега  се откажани, па  загрозена е егизистеницјата на голем број музичари, фотографи, цвеќари, слаткари  и други услужни  дејсности кои се поврзани со овие семејни веселби

-Зошто концертите да можат да се одржуваат, а ние музичарите кои сме на работ на егзистенцијата , затоа што една година чекаме за овие свдаби и веслеби, Владата и Комисијата за заразни болести, не можат да најадат начин да ни излезат во пресрет, вели Заит Алиу, музичар

Од Сојузот на стопански комори следната недела ја  очекуваат одлуката на Комисијата за заразни болести  дали економските оператори кои располагаат со големи сали за одржување прослави ќе отпочнат со работа. Тие  испратиле  дополнителни предлози до Комисијата со протколи кои веќе се утврдени за угостителски обејкти, но, велат  немаат повратен одгвор. Од Стопанката комора, исто така нагласуваат дека економксите оператори кои се поврзани со овие семејни веслеби се во исклучително тешка сосотојба и најавуваат протести за спас на вршителите на овие дејности и сите рваботени.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе