Свет

Русите одлучија: Путин може до 84 години да биде претседател

Русите денеска со големо мнозинство ги поддржаа уставните реформи со кои претседателот на државата, Владимир Путин , би можел да остане на власт уште два мандати.

Неколку часа пред да биде завршено гласањето, централната изборна комисија веќе ги објави првичните резултати.  Според агенцијата Риа Новости, откако биле преброени резултатите од 10% од гласачките места, околу 70% од руските граѓани ги поддржале уставните реформи.

Со овие промени, мандатите на Путин се ресетираат на нула, со што тој ќе може да остане на власт до 2036-тата година. Уставниот референдум започна минатата недела а според проценките, гласале над 60 % од граѓаните.

Опозицијата го обвини шефот на државата дека негова цел е да биде доживотен претседател на Русија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Европска комисија: Прославата на Денот на победата во Москва е руска пропаганда

Дејан Дејан

Над 128.000 луѓе му оддале почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе