Вести Избори 2020 Македонија

Зибери: Задолжително изучување на албански јазик од 5 одделение и консензуална химна

На импровизирана бина, со импровизиран кабинет и пред неколку сотитци партичски членови, активисти и симпатизери кандидатот на ДУИ, Насер Зибери ја промовираше својата програма за првите 100 дена која се состои од 25 точки.

Клучните се измена на текстот на државната химна,  задолжително изучување на албанскиот јазик почнувајќи од петто одделение во сите училишта, нов државен празник  13 август – потпишувањето на Рамковнкиот договор и директори албанец и македонец со врзани потписи во десет стратешки државни институции како АНБ, Разузнавање, Бирото за јавна безбедност, Статистика, фонмд за здравствио, Пензиски фонд, ЕСМ, МЕПСО, Државни патишта и во Железници.

Во програмата стои и дека Врховниот суд ќе треба да води истраги за дискриминација на джравно ниво, задолжителниот ветбниг ќе стапи на сила  а Судскиот совет и Сопветот на обвинители ќе треба на шест месеци да доставуваат извешртај за борбата против корупцијата.

Во економскиот дел Зибери и неговиот тим најавуваат укинување на даноци за вработени под 35 годишна возраст, грантови за млади земјоделци, субвенции за претпријатијата, флексибилно работно време и дислоцирање на касина и игри на среќа кои се во близина на училиштата градинките и црквите.

 

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Kржаловски: Оваа ситуација се повторува секоја година, особено овие две последни години по францускиот предлог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе