Вести Македонија Топ вести

Алити: Една третина од вработените во јавниот сектор треба да се Албанци

Секоја јавна институција кога ќе прави годишен план за вработување, ќе треба да планира една третина, односно 31,43 одсто да бидат Албанци, 4,25 Турци, 2 и пол одсто Роми итн, додека мнозинското македонско население ќе биде застапено со 57,92 одсто. Вака изгледа новиот Балансер што го подготви Министерството за информатичко општество и што почна да се применува минатата недела.

Министерството се повикува на резултатите од последниот Попис спроведен минатата година, односно на бројките за вкупно население, кои се различни од оние за резидентно, според кои, во земјава живеат 58,44 одсто Македонци, 24,30 одсто Албанци, 3,86 одсто Турци итн.

Во телефонски разговор, министерот Адмирим Алити, вели дека нема никаква промена во Методологијата за вработувања во јавниот сектор што се применува од 2016-та година.

-Единствената промена во Методологијата е внесување на податоците од Пописот 2021 наместо Пописот 2002. И тогаш и сега се користат податоците за вкупното население.  Во таа бројка влегува резидентното население, но и нерезидентното, па вкупните бројки се: 54,21 одсто Македонци, 29,52 одсто Албанци итн. На тие бројки пропорционално се распределени и додадени 6,4 одсто од оние што беа административно попишани. Така е составен новиот Балансер, вели Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Од Заводот за статистика за сега нема коментар, но целата измината година тврдеа дека главна категорија на секој попис е резидентното население, што би значело дека тие податоци треба да се основа за Балансерот. Оваа алатка е воведена во 2016-та. Служи за  соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе