Вести Македонија Најважни

Експертите за европските процеси чекаат покана од владата за преговарачките тимови

Граѓанските организации доколку добијат покана од владата, ќе се вклучат  преговарачките тимови на земјава со Европската унија. Дел од нив иако беа против прифаќање на преговарачка рамка со вметнати бугарските барања во неа, оценувајќи го тоа како преседан и билатерализација на преговарачкиот процес, сепак се на став дека нивната експертиза и искуство кое ги имаат за европските процеси може многу да ги зајакне капацитетите на преговарачките тимови за земјава.

Меѓутоа и во контекст на отвореност и вклученост на сите чинители во овој процес кој што го води владата и останатите институции, меѓутоа и процес кој треба да биде трансформативен за општеството. Ограничувањата на преговарачката рамка немаат, сами по себе, импликации во однос на самите кластери, односно она што следува во суштината на преговорите – да се надеваме. Во тој контекст, секако доколку би биле поканети би се вклучиле, вели Симонида Кацарска, директор на Институт за европска политика.

Инаку вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во четвртокот најави дека составот на преговарачките тимови ќе бидат објавен кон крајот на август или почетокот на септември.

Веднаш потоа кон средината на септември ќе стартува скрининг процесот од ЕУ за усогласеноста на македонското законодавство со европското, за кое владата соопшти дека има општа усогласеност од 45 проценти. Првиот чекор притоа ќе биде ажирирањето на законодавството, односно претсавување на европското законодавство усвоено по 2018-2019 година, кога земјава го срповеде подготвителниот објаснувачки скринг со Унијата.

Веднаш потоа по ажурирањето на скринингот ќе се продолжи со билатерланиот скрининг поделен по шест групи, колку што има кластери по кои потоа би се воделе преговорите со ЕУ. Симонида Кацарска смета дека работа ќе има во сите групи кои ќе бидат предмет на скенирање.

Во секоја од нив имаме и добри и лоши поглавја, во самите клaстери. Во првиот кластер стоиме релативно добро, ако погледнеме што е случај со земјите кои веќе преговараатм и веројатно тука би требало да имаме предност, бидејќи тој ќе остане отворен до крајот на преговорите и е клучен за преговорите. Меѓутоа, тука дополнително ние ќе го имаме Акцискиот план за заштита на националните малцинства, со специфичните теми, кои што ќе бидат вклучени. Па ќе видиме како тој ќе се развива понатаму, вели Кацарска.

За рокот од 18 месеци во кој се најавува дека ќе заврши скринингот на усогласеноста на македонсокот со европското законодавство, Кацарска смета дека е реален и очекуван.

Но во контекст на временските рамки околу скринингот она што Кацарска се надева дека ќе се случи брзо, се скриниг извештаите на Европската Комсија за земјава кои во случај на другите земји, како на пример Србија, често пати долго се чекале што го пролонгирало скрининг процесот.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе