Создадени пред милиони години, глечерите се сметаат за најстарите природни феномени на планетата Земја, кои се формирани од огромни маси од мраз од наталожен снег. Започнувајќи од Леденото доба, па се до денес евидентирани се над 200 илјади глечери ширум светот, а најзастапени се на Антарктикот, Гренланд и на планинските масиви како што се Алпите и Хималаите.
Швајцарија, се смета за срцето на европските глечери, дури 60 отсто од сите глечери се наоѓаат на Алпите, сепак со текот на годините поради климатските промени од година во година бројот значително се намалува.
Во прегратките на Алпите се наоѓа швајцарско село Блатен. Некогашното исполнето со околу 300 жители, мали куќички и развиен селско-планински туризам, сега е под вода поради катастрофалното урнување на глечер, од 9 милиони кубни метри мраз кој оваа година уништи над 90 отсто од тамошните објекти.
Хотелиерот Лукас е еден од сведоците на страотната природна непогода, која му го урна семејниот хотел со тридецениски корени. Тој заедно со другите сопственици на мали бизниси се надеваат дека селото ќе оживее пак, но дека можното урнување на друг глечер сепак е неизбежна закана.
Не сум научник, па не можам со сигурност да кажам каква точно врска имаат климатските промени со овие настани. Но, ние живееме тука во оваа долина и можеме да видиме дека нешто се случува. Глечерите се повлекуваат и има промена, вели манфред ебнер, градежниот координатор за однова на блатен.
Жителите се надеваат дека животот во оваа швајцарско село ќе продолжи. По катастрофата многумина велат дека е можно да се вратат дома, како и дека нивните куќи планираат да ги обноват во рок од пет години.
Семејството Калберматен чиј хотел беше оставен полупотонат во езерце формирано од урнатиот глечер е во соработка со останатите погодени семејства, со цел да основаат привремен хотел кој ќе го врати туризмот назад.
Изгубив сè во мојот професионален живот. Готвач сум од мои 15 години, па не ни остана ништо. Овој проект ни дава надеж, а исто така сакаме да помогнеме во обновата на Блатен, или барем долината, бидејќи е осакатена во однос на туризмот. Значи, ете го, долината има потреба од нас, ни треба, ја сакаме, е прекрасна. Сакаме да останеме, вели лоран иберт, угостител од блатен.
Швајцарските глациолози постојано изразуваат загриженост за топењето на мразот во последниве години, што во голема мера се припишува на глобалното затоплување, кое го забрза повлекувањето на глечерите во Швајцарија.
Како главна причина за топење на глечерите се препишува на порастот на глобалната температура, предизвикана од климатските промени, како и зголеменото присуство на стакленички гасови во атмосферата.
Потоплата клима доведува до побрзо топење на мразот во текот на летото, додека во зима не се создава доволно нов снег за да ги надомести загубите. Дополнително, загадувањето предизвикува површината на глечерите побргу да ја ја апсорбира топлината, која го забрзува процесот на топење.
Она што го забележавме во текот на годините е дека глечерот забавува и ова е знак дека има помал внес на маса во глечерот од снежните врнежи, вели истражувачот Давиде фугаца.
Дури 70% од целата слатка вода на Земјата е складирана во глечерите и ледените покривки. Тие претставуваат најголемиот природен резервоар на свежа вода, кое е од клучно значење за милијарди луѓе.
Кога глечерите се топат, оваа вода завршува во морињата и океаните, и доведува до пораст на нивото на морето, кое доведува до поплави и загрозување на живеалиштата на луѓето и животните.
Но, што може да се случи, како што напредува затоплувањето, ќе имате многу жешки лета, дури и таму горе. Многу жешко што значи над точката на топење на мразот, што значи дека водата може да се процедира во цврстиот снег – тоа е збиениот снег што е на врвот на тврдиот мраз – и затоа да ги контаминира климатските сигнали, објаснува професорот на универзитетот во берн, томас ф. стокер.
Според извештајот за климатски промени глечерите се топат со двојна брзина од претходно. Истражувачите велат дека светот изгубил повеќе од 7 трилиони тони мраз од планинските глечери од почетокот на 2000 година досега, додека во 2023 изгубиле повеќе од 600 милијарди тони мраз.
Некои од најбрзите топења се забележани на Алјаска, а топење на помали глечери во централна Европа.
Ново истражувања дополнително покажуваат дека дури и ограничувањето на глобалните температури на 1,5 степени Целзиусови според Парискиот климатски договор, нема да заштити многу густо населени крајбрежја.
Додека пак, студијата од меѓународна група истражувачи вели дека целта треба да биде поблиску до 1 степен за да се избегнат загуби од поларните ледени покривки.
Tea Димковска
Анализата беше емитувана во Глобалниот магазин Нексус на Телевизија Телма, петок 14 ноември, 2025.
Нексус се емитува секој петок во 17 часот, а репризното издание е во сабота во 13:30.
