Континуираните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, како се приближува зимата, стануваат се позачестени. Украинските градови користат централизирана јавна инфраструктура за управување со системите за вода, канализација и греење, а прекините во електричната енергија целосно ја блокираат нивната работа.
Долг е списокот на градови, од Одеса до Харков, преку Киев и Лвов, националниот енергетски оператор на Украина, Укренерго секојдневно се бори со поправки на енергетската инфраструктура.
Но, руските напади не само што имаат за цел да го поткопаат моралот на Украинците, туку на тој начин се обидуваат да го попречат и производството на оружје и да ги спречат другите активности поврзани со војната, која се приближува кон четвртата години.
Снабдувањето со гас и постојаните прекини на дотокот на електрична енергија ги натераа жителите на Украина да се подготват за греење на дрва, но за тоа е потребно да се проверат старите печки и оџаците.
Тарас Цимко, потекнува од семејство оџачари, неговата обврска не е само да ги исчисти оџаците, туку и да ги информира луѓето за правилата за противпожарна безбедност. Тој е еден од околу 50 луѓе кои формираат професионална заедница на оџачари во Украина. Денеска во историскиот центар на Лавов, го проверува шпорет во еден ресторан. Работи темелно и со гордост, вели многу негови колеги се на фронтот, а интензитетот на работа е зголемен.
Работното оптоварување е многу големо и побарувачката е зголемена. Многу специјалисти се регрутирани да се борат, или отишле сами да се борат. Потекнувам од семејство на мајстори на шпорети и оџачари. Татко ми беше мајстор на шпорети, дедо ми беше мајстор на шпорети. Ја научив и ја усовршувам оваа професија, оваа работа. Постојат објекти што татко ми ги изградил пред 20 години, а јас сега ги сервисирам, вели цимко.
Од ресторанот Цимко се упати во домот на Халина Чубаи. Нејзиниот шпорет е стар околу сто години, а треба да биде во функција за време на евентуални прекини на електричната енергија.
Ако не дај Боже, повторно има прекини во работата, ќе мора да се вратам на старата печка и да ја искористиме за малку да се стоплиме во толку неизвесни и тешки времиња. Оваа печка е прекрасна. Потребни се час и половина до два часа за да се загрее, а потоа останува топла и грее цел ден, вели чубаи.
Во украинскиот град Лвов има и цел музеј посветен на старите печки. Сопственичката на колекцијата, уметницата Оксана Гој, потрошила седум години во составување на поставката. Таа самата реставрирала некои од печките во колекцијата бидејќи биле во лоша состојба кога ги нашла.
Ова се сите печки што се собрани овде, има повеќе од 30, сите се произведени главно пред 1930 година, австриски печки. Некои ги баравме во тавани, некои во подруми, некои во близина на депонии, бидејќи тогаш луѓето ги фрлаа, некои од нив беа купени од колеги, од познаници во стариот дел на Лавов, рече гој.
Две стари печки се зачувани и во канцеларијата на градоначалникот на Лавов. Тие се меѓу најстарите печки во градот, од кои едната е изградена истовремено со градското собрание во 1826 година.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, вели дека откако започнала војната во студената сезона, неговиот работен ден започнува со палење на старата печка за да ја загрее својата канцеларија.
Тие печки почнаа да работат кога започна војната. Ги активиравме и секое утро едноставно ставаме дрва во нив и тие тлеат и горат убаво, прекрасно. Оваа печка е изградена во 1826 година. Гледате, ги има овие алатки. Доаѓате наутро, го палите шпоретот, ставате дрва во него и сè е во ред, канцеларијата е многу топла, тврди садови.
Можеби ќе поминат уште многу години пред овие историски системи за греење да бидат деактивирани. Сега жителите на Лавов се благодарни што сè уште работат и што сè уште има чистачи за да ги одржуваат во функција.
Билјана Ставрова
Анализата беше емитувана во Глобалниот магазин Нексус на Телевизија Телма, петок 7 ноември, 2025.
Нексус се емитува секој петок во 17 часот, а репризното издание е во сабота во 13:30.
