На националистички и историски останки не им место во политички процес, а зелено светло за преговори за членство во ЕУ е најдобар начин за решавање на сите отворени прашања. Ова е ставот на Андреас Шидер, претседавач на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитете ЕУ – РС Македонија, кој заборувајќи за блокадата од Бугарија за Македонија рече дека таа е неприфатлива и побара идентитетските прашања да се остават на страна и да се решаваат другите теми.
„Политичарите почнуваат да ги користат идентитетските прашања секогаш кога не се способни да одговорат на основните животни прашања – вработување, економија, здравство, животна средина, образованието и иднината на луѓето“’, рече Шидер.
За Шидер ветото од Бугарија и недавањето зелено светло од Европскиот совет за Македонија е неприфатливо и контрапродуктивно, со став дека историските прашања треба да се држат надвор од дневната политика, а понуди и решение за надминуавње на историските несогласување меѓу двете земји.
„Ако историската комисија од Договорот за добрососедство не функционира, односно ако е заглавена од политичкиот процес, можеби треба да најдеме двајца, тројца, истакнати историчари кои ќе водат вистинска историска дебата, ослободувајќи ја таа тема од каква и да е внатрешна политичка димензија“, порачува Шидер.
Околу реториката која се користи во изминатиот период од страна на Бугарија кон земјава, а за што не поминаа амандманите во Европскиот парламент со осуда кон Софија, Шидер рече дека иако силните критички амандмани не беа усвоени тие постигнале својата цел бидејќи силно одекнале и предизвикале силна критика во Европскиот парламент.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, пак со став дека билатералните прашања не смеат да бидат пречка за старт на преговорите за членство. Тој побара националистичката реторика и обвинувањата кој прв почна да се остават на страна и смета дека политичарите треба да му се врата на Договото за добрососедство од 2017 и да ја обноват скршената доверба.
„И да ги оставиме историчарите да дискутираат за историјата, но сакам политичарите да го препознаат моментот и да бидат храбри и да ја завршат својата работа. Ние сме избрани да преземаме ризици од време на време, избрани сме да испорачаме она што се очекува од нашите граѓани. Во спротивно идните генерации ќе не обвинуваат нас, а јас не сакам да бидам обвинет“, смета европратеникот Ќучук.
И Шидер и Ќучук денеска зборуваа на брифингот за новинарите за извештајот за напредокот на земјава при што во контекст на реформите и двајцата брекоа дека е направено, но оти се потребни подлабоки реформи во судството, плурализмот и слободите, борбата против корупвијата и организоираниот криминал, прашањето со УНЕСКО, животната средина, но и поголема сорбаботка и дијалог меѓу власта и опозицијата доколку се сака да се решат проблемите во земјата.
Тамара Грнчароска