Вести Свет Топ вести

Покажете милост, луѓето во Газа страдаат – првиот човек на СЗО со апел до Израел

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на самиот Израел. Во говорот на годишното собрание на СЗО, тој рече дека војната му штети на Израел и дека нема да донесе трајно решение.

„Можете да замислите како страдаат луѓето. Навистина е погрешно да се користи храна како оружје. Многу е погрешно да се користат медицински материјали како оружје“, нагласи тој.

Обединетите нации вчера почнаа со дистрибуција на помош со околу 90 камиони. Тоа се први испораки на помош во Газа откако Израел на 2 март воведе целосна блокада. Гебрејесус рече дека само политичко решение може да донесе вистински мир.

СЗО соопшти дека жителите на Газа страдаат од акутен недостиг на храна, вода, медицински материјали, гориво и засолниште. Четири големи болници мораа да ги прекинат медицинските услуги минатата недела поради конфликти во близина или зони за евакуација и напади.

Само 19 од 36 болници во Појасот Газа сè уште се оперативни, а персоналот работи во „невозможни услови“, се наведува во изјавата на здравствената агенција на ОН. „Најмалку 94 отсто од сите болници во Појасот Газа се оштетени или уништени“, се наведува, додека северна Газа е „лишена од речиси сета здравствена заштита“.

Се наведува дека на целата палестинска територија останале достапни само 2.000 болнички кревети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Дејан Дејан

Трамп се закани со 50% царини за ЕУ и 25% за производите на Епл

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе