Вести Македонија Топ вести

Примените и потрошените лекови за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција – ревизорски извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија ги објави конечните извештаи за Универзитетската клиника за хематологија, односно направена е ревизија на две сметки од 2023 година, ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност.

Ревизорите нотираа дека примените и потрошените лекови за ретки болести и лекови од донација не се евидентирани во сметководствената евиденција. Потоа, во делот од спроведените постапки за јавни набавки, констатирана е несоодветна примена на Законот за јавните набавки, како и нехронолошко плаќање на преземените обврски и ангажман на медицински сестри, шалтерски работници и хигиеничари со договор на дело, без обезбедена согласност од Министерството за финансии.

Исто така и Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство, не биле воспоставени во целост, стои во ревизорскиот извештај за работата на Клиниката за хематологија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе