Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека е отворен за натамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите што ги анектира Русија
„Ако Русија постави услов за повлекување на нашите војници од нашата земја, тоа значи дека ниту сака примирје, ниту крај на војната“, изјави Зеленски по вчерашниот разговор меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп, односно Владимир Путин.
Русија во повеќе наврати повтори дека еден од нејзините услови во мировните преговори е повлекување на украинските сили од четирите украински области – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, над кои Москва, сепак, нема целосна контрола.
Зеленски нагласи оти сега очекува детали за меморандумот кој го спомена Путин. Рускиот претседател, во соопштение за медиумите, рече дека меморандумот ќе ја одреди временската рамка и принципите за мировно решение на војната, вклучителни и потенцијален прекинна огнот.
По телефонскиот разговор со Путин, Трамп рече дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат „веднаш“.