Вистинската битка за војната во Украина во моментот не е на фронтот, туку за наклонетоста на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави „Си-Ен-Ен“.
Клучната борба не е на истокот на Украина, туку за страната што ќе добие поголема поддршка од Трамп, со оглед дека сè повеќе е фрустриран поради неуспехот за постигнување на мир.
Затоа, најавениот телефонски разговор меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде пресуден, наведува американската ТВ станица.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат дека се главна пречка за мир, но проблем претставува и тоа што ниту една страна не сака да направи компромис, се наведува во анализата на „Си-Ен-ЕН“.