Вести Македонија Топ вести

Кој работи „ќе остане“: Мицкоски најави промени и во Влада и во партијата

Кој работи чесно ќе остане, кој не ќе биде сменет и  во партијата и во Владата, а реконструкцијата ќе се случи по конгресот на ВМРО – ДПМНЕ кој треба да се одржи кон крајот на годинава.

Ова е една од пораките кои денес ги испрати премиерот Христијан Мицкоски на партискиот собир во Скопје. Тој најави дека очекува убедлива победа на локалните избори и политичка пензија за лидерот на ДУИ, али Ахмети и уште еднаш го осуди потегот на Таравари и заминувањето од владината коалиција.

Иако се шпекулираше дека реконструкција на кабинетот може да има по заминувањето на Таравари или по локалните избори во октомври, Мицкоски денес прецизно соопшти дека тоа може да се случи само по редовниот партискиот конгрес.

Кандидатите за градоначалници на локалните избори владејачката партија ќе ги објави во два циклуси, а првите имиња ќе излезат во јавноста на крајот на месецот.

Според партиските анкети, прелиминарните кандидати имаат убедливо водство над опозициските, па Мицкоски најави огромна победа на изборите и дебакл на опозициската СДСМ и додаде дека тој очекува политичко пензионирање на Ахмети.

Жестоки критики беа испратени кон довчерашниот партенр во Владата, Арбен Таравари, а од бината премиерот му порача дека наместо визија и посветеност одлучил да калкулира и погрешил.

Таравари преку социјалните мрежи му одговори дека локалните избори ќе ја покажат неговата моќ

„Вистинската моќ е народот. Се гледаме во октомври, што е блиску… многу блиску!“

Во крилото на Алијанса на Албанците кое го води Таравари почнаа превирања околку одлуката за напуштање на Владата. Прв се спротивстави членот на претседателството Сабри азири а денес преку социјалните мрежи оставка од пратеничката и  сите партиски функции во Алијанса најави Салим Сулејмани.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе