Пратеникот Салим Сулејмани преку фејсбук статус вели дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието.
Вели дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, нагласувајќи дека учеството во коалицијата ВЛЕН било мотивирано од потребата за соочување со, како што наведува, неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.
ДУИ, партија која две децении е дел од власта, наместо да биде достоен претставник на Албанците, се претвори во структура поврзана со лични и клановски интереси.
Коалицијата ВЛЕН ја гледав како антипод на таа коруптивна матрица, вели Сулејмани.
Додава дека неговата кауза не завршува тука, туку ќе продолжи уште посилно, но во други форми на ангажман, со цел, да служи на граѓаните уште поефикасно.