Вести Македонија Топ вести

„Крени глас“ од Школка испрати силни пораки за подигнување на свеста за булингот

Со позитивна атмосфера против булингот. Во Градскиот парк во Скопје со многу музика и забава во рамките на вториот дел од општествено одгоорната кампања на Макпетол, Крени глас беше испратена гласна порака против врсничкото насилство.

– имајќи предвид дека минатата година поминавме 150 училишта, 620 работилници, 18 илјади деца кои што учествуваа на работилниците, а истите училишта би требало да ги спроведуваат понатаму, верувам дека ги спроведуваат. Оваа година веќе поминавме 15 работилници за родители, се уште не сме завршени, а веќе имаме преку 3.000 учесници кои беа видно задоволни од работилницата. Сметам дека тоа е навистина голем успех. А другиот дел е тоа што секојдневно гледаме дека кампањата ја препознаваат и дека многу повеќе се зборува на темата денеска отколку пред две години кога започнавме.Тоа е доказ за успехот кој што го доживеа оваа кампања. Главната цел беше да ја кренеме свеста за проблемот и повеќе да се зборува за истиот. видовме дека навистина и во јавноста многу повеќе  се зборува за проблемот, што е доказ за успехот на кампањата, порача Марија Јосифовска Спасовска член на управен одбор и директор на Макпетрол.

Соодветниот пристап кон жртвите е особено важен вели психологот Деспина Стојановска. Актерот Сашко Коцев, пак со порака дека нема рецепт за борба против булингот, но има многу начини.

– Ми се чини дека не постои дете кое што не слушна за кампањата и дете кое што не размисли за тоа што значи да се крене глас против нешто што не е убаво да се случува. Гледам многу позитивно влијание, гледам убави промени кај огромен број на деца и посакувам така да продолжи, вели психологот Деспиба Стојановска.

 

– И самиот одзив на луѓето што се овде, самите коментари, самиот одзив на оние средби што ги правиме со родители и со просветни работници, сето тоа ни покажува дека навистина сакаат луѓето за тоа да разговараат и сакаат да го извадат тоа на површина и да го разрешиме тој проблем да биде поубаво, порача актерот Сашко Коцев.

Градскиот парк денеска беше збирно место на децата и нивните родители. Многубројни и сите заедно во еден глас пееја и се забавуваа. Настапја голем бројј личнсоти од јавниот живот, а вистинска забава за децата беа и живите статуи.

АНКЕТА РОДИТЕЛИ

– Па ние имаме мали деца и за жал ние сеуште не можеме да видиме какво е влијанието што го има меѓутоа сепак сметам дека е добро да се зборува за тоа и да едноставно се покрене гласот против врсничкото насилство.

 

– Ова позитивно влијае и расположени се сите и мислам дека добро влијание ќе има за младината.

 

– Колку децата уште од мали ги сфатат овие работи дека не треба да има влијание дека не треба да има булинг, што е булинг со тие способности ќе бидат подобри луѓе.

Младите се основата врз која што се гради иднината на секоја држава и во таа насока компанијата презема чекори да за обезбеди децата и учениците да имаат можности за целосно да ги реализираат своите таленти и потенцијали, а врсничкото насилство може да биде пречка за ова и за таа цел им се обезбедува платформа и поддршка во соочувањето со овој пролем.

На вебсајтот „kreniglas.mk“ секој што имал искуство со булингот, има простор анонимно да ја сподели личната приказна.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе