Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Деветмина загинати во руски напад врз цивилен автобус во Украина

Девет лица загинаа, а седум се повредени утрово во руски напад со дрон врз цивилен минибус во градот Билопилја, во североисточниот украински регион Суми, соопштија локалните власти.

Гувернерот Олег Хригооров го нарече нападот „нехуман“, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека станува збор за „намерно убиство на цивили“.

Русија не се огласи директно, но државните медиуми јавија дека бил погоден „воен објект“ во Суми.

Инцидентот се случува само неколку часа по првите директни мировни разговори меѓу Украина и Русија од 2022 година, кои не донесоа пробив, освен договор за размена на 1.000 заробеници од двете страни.

Украина повторно повика на целосен и безусловен прекин на огнот, додека како следен чекор се најавува можна средба меѓу Зеленски и Путин.

САД пак, сметаат дека напредок е можен само доколку дојде до директна средба меѓу претседателите Трамп и Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе