Вести Македонија Топ вести

Вонредна состојба во болницата во Кочани

Тивките херои од кочанската болница и по два месеца од пожарот во дискотеката „Пулс“ ги гледаат последиците и ги лечат раните на повредните деца, кои на 16 март отишле само да се забавуваат и да му се радуваат на животот.

Околу 120 повредни од Кочани и соседните општини се рехабилитираат во Општата болница во Кочани. Директорката на Општата болница Кочани, Кристина Серафимова вели дека лекувањето на повредените им е поделено на три категории.

Со повредените секојдневно се еден физијатар, двајца хирурзи, тројца физиотерапевти и четири инструментарки. Во текот на неделата на кочанските здравствени работници им помагаат и колегите од штипската болница и од Клиниката за пластична хирургија. Според Серафимова оваа вонредна состојба во болницата, која е изградена пред половина век ќе потрае уште една година.

По два месеца поминати низ болниците во странство четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странските медицински центри остануваат уште 11 пациенти. Пациентите кои се враќаат ќе од Софија и Белград ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе