Движењето „Кој е следен?“ најави симболичен перформанс кој ќе се одржи денеска напладне пред Основното јавно обвинителство во Скопје. Со акцијата сакаат да потсетат на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани и да испратат порака за потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција.
„Корупцијата и моќта убиваат. Безбедноста е основно право и ние нема да престанеме да се бориме додека институциите не почнат вистински да служат на граѓаните“, порачаа од движењето.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да им се придружат и на родителите на загинатите во несреќата, кои секоја сабота во 16:05 часот маршираат низ Кочани, барајќи правда и одговорност.