Вести Свет Топ вести

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Млада 23-годишна мексиканска инфлуенсерка Валерија Маркез била усмртена во живо додека снимала за социјалната мрежа „ТикТок“. Таа во момент на убиството се наоѓала во салон за убавина каде што работела. Мажот кој ја застрелал, потоа го зел нејзиниот телефон и го исклучил преносот во живо.

„Истражувањето за убиството на Валерија е во тек и се одвива според протоколите за фемицид – убивање жени или девојчиња поради пол“ – соопшти државниот обвинител на Халиско.

Претходно Маркез во преносот во живо изјавила дека некој дошол во салонот кога таа не била таму со „скап подарок“ за да ѝ го достави. Маркез, која во тој момент изгледала загрижена не ни помислила дека лицето може да се врати.

Секунди пред инцидентот, Маркез седела и држела  плишана играчка кога во еден момент извикала „Доаѓаат!“, пред глас во позадина да праша „Еј, Вејл?“ „Да“, одговорила Маркез, непосредно пред да го исклучи звукот на преносот во живо. Неколку секунди подоцна, таа е застрелана.

Маркез, која има речиси 200.000 следбеници на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „ТикТок“ беше позната по нејзините содржини за убавина.

Фемицидот е појава која вклучува понижувачко насилство, сексуална злоупотреба, врска со убиецот или изложување на телото на жртвата на јавен простор. Мексико е изедначена со Парагвај, Уругвај и Боливија како земји со четврта највисока стапка на фемицид во Латинска Америка и Карибите, според најновите податоци од Економската комисија на Обединетите нации за Латинска Америка и Карибите, со 1,3 такви смртни случаи на секои 100.000 жени во 2023 година.

Халиско е рангиран на шесто место од 32-те држави во Мексико, вклучувајќи го и Мексико Сити, по број на убиства, со 906 регистрирани таму од почетокот на мандатот на претседателката Клаудија Шајнбаум во октомври 2024 година, според консултантската куќа за податоци TResearch.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе